1 Тогаш Исус им ја кажа оваа споредба: “Еден човек си насади лозје, го загради со плот, ископа јама за гмечење на грозјето и изгради чуварска кула. Потоа им го даде лозјето под наем на лозарите, а тој замина на пат.
2 Кога дојде време за гроздобер, тој испрати еден од своите слуги кај лозарите, за да му го донесе делот од бербата што му припаѓа како надомест.
3 Но лозарите го фатија, го натепаа и го избркаа со празни раце.
4 Тој повторно им испрати друг слуга, но тие го изудрија по главата и го изнавредија.
5 Им испрати и трет слуга, но тие го убија. Потоа испрати и многу други слуги, но лозарите едни од нив претепаа, други убија.