12 Браќа ќе се предаваат еден со друг и родители ќе ги предаваат своите деца на смрт. Децата ќе се креваат против родителите и ќе ги убиваат.
13 Сите ќе ве мразат поради вашата вера во Мене. Само тие што ќе останат верни докрај ќе бидат спасени.“
14 Во продолжение Исус рече: „Кога ќе видите дека ,богохулникот што пустоши‘ се сместува таму каде што не би смеел (секој што го чита ова, треба да го разбере!), тогаш тие што живеат во Јудеја нека бегаат во планините!
15 Кој ќе се најде искачен на покрив, нека не слегува во куќата за да земе нешто,
16 а кој ќе се најде во полето, нека не се враќа дома по облека.
17 Тоа време ќе биде страшно за бремените жени и за доилките!
18 Молете се тоа да не се случи зиме!