20 Кога Господ не би го скратил времетраењето на тие страдања, никој не би преживеал! Но заради избраниците Свои, Господ ќе го скрати тоа време.
21 Ако тогаш некој ви рече: ,Еве Го Месијата овде!‘ или ,Ене Го онде!‘ - не верувајте му!
22 Ќе се појават лажни месии и лажни пророци и ќе извршуваат чуда за да ги заведат по можност и Божјите избраници!
23 Бидете внимателни! Ете, сe ви кажав однапред!“
24 Во тоа време, веднаш по тие неволи „Сонцето ќе потемни и Месечината ќе престане да свети.
25 Ѕвезди ќе паѓаат од небото и небесните сили ќе се разнишаат.“
26 Тогаш ќе Ме видат Мене, Синот Човечки, како доаѓам на облаците со величествена моќ и слава.