21 Ако тогаш некој ви рече: ,Еве Го Месијата овде!‘ или ,Ене Го онде!‘ - не верувајте му!
22 Ќе се појават лажни месии и лажни пророци и ќе извршуваат чуда за да ги заведат по можност и Божјите избраници!
23 Бидете внимателни! Ете, сe ви кажав однапред!“
24 Во тоа време, веднаш по тие неволи „Сонцето ќе потемни и Месечината ќе престане да свети.
25 Ѕвезди ќе паѓаат од небото и небесните сили ќе се разнишаат.“
26 Тогаш ќе Ме видат Мене, Синот Човечки, како доаѓам на облаците со величествена моќ и слава.
27 Тогаш ќе ги испратам Своите ангели да ги соберат Моите избраници од сите четири страни на светот, од крајот на Земјата, до крајот на небото.“