Марко 13:28-34 MNT

28 „Научете се од примерот со смоквата: кога гранките ќе и распупат и ќе и разлистаат, знаете дека наближува летото.

29 Така, кога ќе забележите дека овие случки што ви ги опишав се одигруваат, знајте дека враќањето на Месијата е на прагот.

30 Ве уверувам дека некои луѓе од оваа генерација сe уште ќе бидат живи, кога сите тие случки ќе се одиграат!

31 Небото и Земјата ќе ги снема, но Моите зборови ќе останат!

32 А што се однесува до точното време и час - тоа никој не го знае, дури ни ангелите на небото, па ни Синот Човечки, туку само небесниот Татко!

33 Затоа, бидете духовно будни и подготвени, бидејќи не знаете кога точно ќе настапи тоа време!

34 Враќањето на Месијата може да се спореди со човек кој заминува на пат и им ја предава грижата за куќата на своите слуги. На секој од нив му дава задолжение, а на чуварот му наредува да бдее.