16 Двајцата ученици отидоа во градот и најдоа сe онака како што им беше рекол Исус. Таму ја приготвија пасхалната вечера.
17 Вечерта, пристигна Исус со дванаесеттемина Свои ученици.
18 За време на вечерата, Исус им рече: „Еден од вас што вечера со Мене, ќе Ме предаде.“
19 Тоа ги нажали учениците и тие почнаа еден по еден да Го прашуваат: „Да не мислиш дека тоа ќе бидам јас?“
20 Исус им одговори: „Ќе биде еден од вас дванаесеттемина што мака од иста чинија со Мене!
21 Јас, Синот Човечки, ќе умрам, како што е претскажано за Мене. Но тешко си му на човекот што ќе Ме предаде Мене, Синот Човечки! За тој човек, подобро ќе беше воопшто да не се родеше!“
22 За време на вечерата, Исус зеде леб, го благослови, го раскрши на парчиња и им го подаде на учениците, велејќи: „Земете, ова го претставува Моето тело.“