24 Потоа им рече: „Тоа ја претставува Мојата крв - крв на Божјиот завет со вас, која се пролева за мнозина.
25 Ви велам дека отсега нема повеќе да пијам од лозовиот плод сe додека одново не пијам во Божјото царство.“
26 Потоа испеаја псалми и заминаа на Маслиновата Гора.
27 Тогаш Исус им рече на Своите ученици: „Сите вие ќе Ме напуштите, како што е запишано: ,Ќе удрам по Пастирот и овците ќе се разбегаат!‘
28 Но кога ќе воскреснам, ќе ве чекам во Галилеја!“
29 Петар се огласи, велејќи: „Дури и ако сите други потклекнат, јас нема да потклекнам!“
30 Исус му одговори: „Те уверувам дека токму ти, уште ноќва, пред второто пеење на петлите, трипати ќе се откажеш од Мене!“