28 Но кога ќе воскреснам, ќе ве чекам во Галилеја!“
29 Петар се огласи, велејќи: „Дури и ако сите други потклекнат, јас нема да потклекнам!“
30 Исус му одговори: „Те уверувам дека токму ти, уште ноќва, пред второто пеење на петлите, трипати ќе се откажеш од Мене!“
31 „Ни по цена да загинам со Тебе, јас нема да Те изневерам!“ - самоуверено рече Петар. Истото го велеа и сите други ученици.
32 Заедно со Своите ученици, Исус дојде во местото Гетсемани и им рече: „Седете овде додека отидам да се помолам.“
33 Ги поведе со Себе Петар, Јаков и Јован.
34 Длабоко потресен и нажален, им рече: „Тагата што ја имам во душава Ме убива! Останете овде и бдејте со Мене!“