47 Еден од присутните извлече нож и замавнувајќи му го отсече увото на слугата на Првосвештеникот.
48 А Исус им рече: „Што сте излегле против Мене со мечеви и со стапови?
49 Секојдневно седев со вас во храмот и поучував, ама не Ме уапсивте. Но мора да се исполнат запишаните претскажувања за Мене.“
50 Тогаш сите ученици на Исус се разбегаа и Го напуштија.
51 По Него одеше само едно момче наметнато со платно на голото тело.
52 Се обидоа и него да го фатат, влечејќи го за платното, но момчето го остави платното и им побегна.
53 Исус беше доведен кај Првосвештеникот. Таму се собраа сите свештенички поглавари, народни старешини и вероучители.