50 Тогаш сите ученици на Исус се разбегаа и Го напуштија.
51 По Него одеше само едно момче наметнато со платно на голото тело.
52 Се обидоа и него да го фатат, влечејќи го за платното, но момчето го остави платното и им побегна.
53 Исус беше доведен кај Првосвештеникот. Таму се собраа сите свештенички поглавари, народни старешини и вероучители.
54 Петар Го следеше оддалеку, сe до дворот на Првосвештеникот. Таму седна да се грее околу огнот, заедно со чуварите.
55 Свештеничките поглавари и целиот Врховен совет сакаа да Го погубат Исуса и затоа бараа сведоци против Него, но не најдоа.
56 Всушност, се јавија многу лажни сведоци, но нивните обвиненија не се совпаѓаа.