53 Исус беше доведен кај Првосвештеникот. Таму се собраа сите свештенички поглавари, народни старешини и вероучители.
54 Петар Го следеше оддалеку, сe до дворот на Првосвештеникот. Таму седна да се грее околу огнот, заедно со чуварите.
55 Свештеничките поглавари и целиот Врховен совет сакаа да Го погубат Исуса и затоа бараа сведоци против Него, но не најдоа.
56 Всушност, се јавија многу лажни сведоци, но нивните обвиненија не се совпаѓаа.
57 Тогаш станаа некои луѓе и изнесоа лаги, велејќи:
58 „Лично Го чувме како вели: ,Ќе го разурнам овој храм изграден со човечка рака и за три дена ќе изградам друг што нема да биде изграден од човечка рака!‘“
59 Но и нивните обвинувања не се совпаѓаа едни со други.