58 „Лично Го чувме како вели: ,Ќе го разурнам овој храм изграден со човечка рака и за три дена ќе изградам друг што нема да биде изграден од човечка рака!‘“
59 Но и нивните обвинувања не се совпаѓаа едни со други.
60 Конечно, пред присутните стана Првосвештеникот и Му се обрати на Исус: „Зар нема ништо да одговориш на овие обвинувања против Тебе!?“
61 Исус молчеше и ништо не одговараше. Првосвештеникот Му постави на Исус уште едно прашање: „Ти ли си Месијата, Синот на Преславниот Бог?“
62 „Да, Јас Сум!“ - Му одговори Исус и додаде: “Наскоро ќе Ме видите Мене, Синот Човечки, како седам оддесно на Семоќниот и како доаѓам на небесните облаци!“
63 На ова, Првосвештеникот си ја раскина облеката и рече:
64 „Зар ни се потребни други сведоци!? Го чувте Неговото богохулство! Што предлагате?“ Сите се сложија дека Исус заслужува смртна казна.