62 „Да, Јас Сум!“ - Му одговори Исус и додаде: “Наскоро ќе Ме видите Мене, Синот Човечки, како седам оддесно на Семоќниот и како доаѓам на небесните облаци!“
63 На ова, Првосвештеникот си ја раскина облеката и рече:
64 „Зар ни се потребни други сведоци!? Го чувте Неговото богохулство! Што предлагате?“ Сите се сложија дека Исус заслужува смртна казна.
65 Тогаш некои од луѓето почнаа да Го плукаат Исуса. Му ги врзаа очите, Го удираа со тупаници и Му велеа: „Погоди кој те удри!“ И чуварите Го удираа по главата.
66 Додека Петар беше долу во дворот, дојде една од слугинките на Првосвештеникот
67 и го виде Петар како се грее крај огнот. Се загледа во него и му рече: „И ти беше со Назареќанецот Исус!“
68 Но Петар одрекуваше, велејќи: „Не е точно тоа што го тврдиш!“ Потоа се упати кон вратата и во тој момент запеа петел.