68 Но Петар одрекуваше, велејќи: „Не е точно тоа што го тврдиш!“ Потоа се упати кон вратата и во тој момент запеа петел.
69 Слугинката повторно го виде Петар и одново им се обрати на присутните: „И овој е од нив!“
70 Но Петар и овојпат одрекуваше. Малку подоцна, некои од присутните одново Му рекоа на Петар: „Вистина е, и ти си еден од нив, па и Галилеец си!“
71 Овојпат Петар почна да се колне и да ги уверува: „Не Го познавам човекот за Кој зборувате!“
72 Во тој момент повторно запеа петел и Петар се сети на Исусовите зборови: „Пред второто пеење на петлите, ти трипати ќе се откажеш од Мене!“ Тогаш Петар заплака.