14 Пилат ги праша: „А какво злосторство извршил?“ Но тие уште погласно викаа: „Распни Го на крст!“
15 Тогаш Пилат, сакајќи да ја задоволи толпата, го ослободи Бараба, а Исуса Го предаде на камшикување, а потоа и на римските војници да Го распнат.
16 Војниците Го воведоа Исуса во дворот на палатата, во таканаречениот ,преториј‘ и повикаа уште цела чета војници.
17 Му облекоа црвена наметка, а на главата Му ставија венец исплетен од трнови гранчиња.
18 Потоа почнаа да Му се подбиваат, викајќи: „Здраво, Цару на Евреите!“
19 Го удираа по главата со стап, Го плукаа и Му се клањаа, преправајќи се дека Го обожаваат.
20 Откако доволно се подбиваа со Исус, Му ја соблекоа црвената наметка и повторно Му ја облекоа Неговата облека. Потоа Го поведоа на распнување.