2 Пилат почна да Го испрашува: „Ти ли си Царот на Евреите?“ Исус му одговори: „Самиот го велиш тоа.“
3 Свештеничките поглавари изнесуваа жестоки обвиненија против Исус.
4 Пилат повторно Го праша: „Зар нема ништо да кажеш на овие тешки обвиненија против Тебе?“
5 Но Исус на ништо повеќе не одговараше, на што Пилат многу се чудеше.
6 А на секој празник Пасха гувернерот им пушташе од затвор еден затвореник, по избор на народот.
7 Во тоа време в затвор беше еден човек по име Бараба, уапсен заедно со други бунтовници кои за време на еден бунт извршиле убиства.
8 Народот се качи горе кај Пилат и побара да им пушти еден затвореник, како и обично.