Марко 2:18-24 MNT

18 Учениците на Јован Крстител, како и фарисеите, практикуваа постење. Затоа некој дојде кај Исус и Го праша: „Зошто Твоите ученици не постат, како што постат учениците на Јован Крстител и на фарисеите?“

19 Исус им одговори: „Зар очекувате сватовите да постат за време на свадбата, додека младоженецот е со нив?

20 Ќе дојде време кога младоженецот ќе се оттргне од нив; тогаш тие ќе постат.

21 Не се крпи стара облека со нова крпа од непрано платно! Зашто, крпата од новото платно ќе се собере и ќе направи уште поголема дупка!

22 Не се става ново вино во стари кожни мешини! Новото вино ферментирајќи ќе ги пукне старите мешини! Тогаш и виното ќе истече и мешините ќе се уништат. Ново вино се става во нови мешини!“

23 Еден саботен ден Исус минуваше преку некои ниви, а Неговите ученици кинеа клавчиња.

24 Некои од фарисеите Му приговорија, велејќи: „Зошто го прават во саботен ден она што не смее да се прави во сабота!?“