Марко 2:22-28 MNT

22 Не се става ново вино во стари кожни мешини! Новото вино ферментирајќи ќе ги пукне старите мешини! Тогаш и виното ќе истече и мешините ќе се уништат. Ново вино се става во нови мешини!“

23 Еден саботен ден Исус минуваше преку некои ниви, а Неговите ученици кинеа клавчиња.

24 Некои од фарисеите Му приговорија, велејќи: „Зошто го прават во саботен ден она што не смее да се прави во сабота!?“

25 Исус им одговори: „Зар не сте читале што направи Давид кога заедно со неговата дружина се најдоа во невола и огладнеа?

26 Тоа беше во времето на Првосвештеникот Евјатар. Давид влезе во Божјиот храм, и тој и неговата дружина јадеа од посветените лебови, од кои само свештениците смеат да јадат!“

27 Во заклучок, Исус им рече: „Саботата е создадена за човекот, а не човекот за саботата!

28 Затоа, Јас, Синот Човечки, Сум господар и на саботата.“