7 „Како смее да зборува вака!? Тој се прави Бог! Кој може да простува гревови освен Бог!?“
8 Во истиот момент, Исус ги проѕре нивните мисли и им рече: „Зошто ви идат такви зли мисли?
9 Што е полесно за Мене: да му речам на парализираниот дека му се простуваат гревовите или да му речам да стане, да си ја земе постелата и да си оди дома?
10 Но ќе ви докажам дека Јас, Синот Човечки, имам власт да простувам гревови на Земјава!“ Тогаш Исус му рече на парализираниот:
11 „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“
12 Пред очите на сите, човекот веднаш стана, си ја зеде постелата и излезе. Луѓето беа вчудовидени и Му оддаваа слава на Бога, велејќи: „Вакво нешто досега не сме виделе!“
13 Исус повторно отиде на брегот на Галилејското Езеро. Голема толпа луѓе се собра околу Него и Тој ги поучуваше.