1 Исус повторно влезе во тамошната синагога и таму сретна еден човек со парализирана рака.
2 Фарисеите сакаа да Го обвинат Исуса, па Го демнеа, за да видат дали ќе го исцели човекот во саботен ден.
3 Исус му се обрати на човекот со парализирана рака: „Дојди, застани пред сите!“
4 Потоа праша: „Што треба да се прави во сабота: добро или лошо? Да се спаси некој човечки живот, или да се уништи?“ Сите молчеа.
5 Исус налутено ги изгледа сите по ред. Сепак, Му стана жал за нив, поради нивната тврдоглавост. Потоа му се обрати на човекот: „Испружи си ја раката!“ Тој ја испружи и раката му оздраве.