15 Исто така и да ги ослободуваат луѓето обземени од демони.
16 А дванаесеттемина беа овие: Симон, кого Исус го нарече Петар,
17 Завдаевите синови Јаков и Јован, кои Исус ги нарече „грмежливи синови“,
18 Андреј, Филип, Бартоломеј, Матеј, Тома, Алфеевиот син Јаков, потоа Тадија, Симон Кананеецот,
19 и Јуда Искариот, кој подоцна стана предавник на Исус.
20 Исус се врати дома, а голема толпа народ повторно навали, така што Тој и Неговите ученици не можеа ни да јадат.
21 Кога Неговите домашни разбраа за ова, тргнаа да Го приберат, зашто се говореше дека Тој е луд.