26 Ако Сатаната се крене сам против себе - тоа би значело крај за него!
27 Може ли некој да му упадне во куќата на силен човек и да го ограби, ако прво не го совлада и не го врзе? Само така ќе може да го ограби!
28 Сериозно ви велам: сите грешни дела и навреди, колку и да се тешки, можат да им бидат простени на луѓето;
29 но нема простување за оној што ќе го навреди Светиот Дух; таквиот грев вечно ќе го товари.“
30 Исус го рече ова, зашто за Него говореа дека е обземен со демонски дух.
31 Тогаш пристигнаа мајка Му и браќата на Исус. Стоејќи надвор, тие испратија некого да Го повика.
32 Токму тогаш околу Него се беше насобрал многу народ и некои меѓу нив Му рекоа: „Ене ги надвор мајка ти, браќата и сестрите Твои и Те викаат!“