Марко 3:5-11 MNT

5 Исус налутено ги изгледа сите по ред. Сепак, Му стана жал за нив, поради нивната тврдоглавост. Потоа му се обрати на човекот: „Испружи си ја раката!“ Тој ја испружи и раката му оздраве.

6 Фарисеите веднаш излегоа и заедно со приврзаниците на Ирод се договорија да Го убијат Исуса.

7 Исус се повлече со Своите ученици по должината на езерското крајбрежје. По Него одеше голема толпа народ од Галилеја,

8 како и од Јудеја, од Ерусалим, од Идумеја и од други места на источната страна од реката Јордан. Доаѓаа и луѓе од поширокото подрачје на градовите Тир и Сидон. Сите тие дојдоа, откако беа слушнале за делата на Исус.

9 Тој беше принуден да им каже на Своите ученици во секое време да имаат подготвено бротче за Него, за да не Го згмечи народот.

10 Бидејќи исцелуваше мнозина, сите болни навалуваа кон Него, за да Го допрат.

11 А демонските духови паѓаа ничкум пред Исус и викаа: „Ти Си Божјиот Син!“ -