28 Самата земја го произведува плодот: најпрво стебло, потоа клас и на крајот зрна.
29 Штом плодот ќе созрее, доаѓа жетвата и сејачот го жнее.“
30 „Како да го опишеме Божјото царство? Со што да го споредиме?“ - продолжи Исус.
31 „Тоа може да се спореди со посеано синапово зрно: иако тоа е најмало од сите семиња,
32 кога ќе се посее, израснува поголемо од сите градинарски растенија и се разгранува, така што под неговите гранки и птиците си свиваат гнезда!“
33 Користејќи се и со многу други, слични споредби, Исус му ја изложуваше на народот Својата порака, на разбирлив начин за нив.
34 Ништо не им кажуваше без да се користи со споредби. А кога беше насамо со Своите ученици, ним им објаснуваше сe.