8 Конечно, дел од семето падна на плодна почва каде што изникна, порасна и донесе род: едно стебло роди триесет, друго шеесет, а трето - сто зрна.“
9 Потоа Исус заклучи: „Ако имате уши - слушајте внимателно!“
10 Кога Исус беше насамо со Своите дванаесет апостоли и со уште некои следбеници, тие Го прашаа за причината поради која Тој се служи со споредби.
11 Тој им одговори: „Вам ви е објавена тајната за Божјото царство, но на другите луѓе им зборувам преку споредби,
12 бидејќи тие, имајќи очи - не гледаат, имајќи уши - не слушаат, ниту пак се трудат да разберат, па да се обратат кон Бог и Тој да им прости.“
13 Потоа Исус им рече: „Ако не ја разберете оваа споредба, не ќе можете да ги разберете другите.
14 Тоа што сејачот го сее е Божјата порака.