1 Исус и Неговите ученици пристигнаа на спротивниот брег на Галилејското Езеро, во пределот на градот Гераса.
2 Тукушто излезе од бротчето, откај гробиштата во пресрет му тргна еден човек обземен со демонски духови.
3 Човекот живеел по гробниците и никој веќе не бил во состојба ни со син?ири да го врзе.
4 Честопати го врзувале со син?ири и му ставале окови, но тој секојпат ги кинел син?ирите и ги кршел оковите. Никој не можел да го скроти.
5 Деноноќно престојувал на гробиштата и по ридовите, врескајќи и удирајќи се со камења.