25 Меѓу народот имаше една жена која крвавела веќе дванаесет години.
26 Се намачила одејќи по лекари на кои го потрошила сиот свој имот, но напразно - состојбата уште повеќе и се влошувала.
27 Оваа жена слушала што се зборува за Исус. Крадешкум, таа се доближи до Исус одзади и се допре до Неговата облека.
28 Зашто, во себе си велеше: „Само да се допрам до Неговата облека - ќе оздравам!“
29 Крвавењето веднаш и запре и таа почувствува дека нејзиното тело оздраве.
30 Во истиот момент и Исус почувствува дека од Него излезе исцелителна сила. Обраќајќи му се на народот, запраша: „Кој се допре до мојата облека?“
31 Учениците Му одговорија: „Гледаш колку народ се турка околу Тебе и прашуваш кој Те допрел!?“