34 Исус и рече: „Ќерко! Ти оздраве врз основа на твојата вера. Оди си спокојна и здрава.“
35 Додека Исус зборуваше, пристигнаа некои од роднините на Јаир и му рекоа: „Ќерка ти умре; не додевај Му повеќе на Учителот!“
36 Исус слушна што рекоа луѓето, но му рече на Јаир: „Само верувај Ми и не плаши се!“
37 Исус не му дозволи никому да дојде со Него, освен на Петар и на двајцата браќа Јаков и Јован, следбеници на Исус.
38 Кога стигнаа во куќата на Јаир, Исус забележа дека луѓето плачат и лелекаат на цел глас.
39 Влегувајќи внатре, Исус им рече: „Зошто плачете и лелекате? Девојчето не е мртво, туку спие!“
40 Тие на тоа Му се подбиваа. Исус нареди сите да излезат надвор, а внатре ги задржа само таткото и мајката на девојчето и тројцата Свои ученици кои Го придружуваа. Влегоа кај девојчето.