6 Кога уште оддалеку Го забележа Исуса, се стрча кон Него и клекна на колена.
7 Потоа со силен глас Му рече: „Исусе, Сине на Севишниот Бог, што сакаш да ми сториш!? Те заколнувам во Божјото име, немој да ме мачиш!“
8 Тој го рече ова затоа што Исус веќе му беше наредил на демонскиот дух да излезе од човекот.
9 Исус го праша: „Како се викаш?“ Човекот му одговори: „Се викам Легија, зашто во мене има цела легија демони!“
10 Потоа Го молеше Исуса да не ги брка од тој крај.
11 Недалеку од нив, на ридот пасеше едно големо крдо свињи.
12 Демонските духови Го молеа Исуса: „Испрати нe кај свињите, да се вселиме во нив!“