Марко 6:1-7 MNT

1 Исус си замина оттаму и заедно со Своите ученици се врати во својот град.

2 Во саботата Тој отиде во синагогата да поучува. Многуброен народ занесно Го слушаше, прашувајќи се: „Од каде го знае сето ова? Од каде Му е оваа мудрост и моќ да прави чуда?

3 Не ли е ова дрводелецот - синот на Марија, братот на Јаков, Јосиф, Јуда и Симон? Нели сестрите Негови и денес живеат меѓу нас!?“ Така, жителите на Назарет со сомневање гледаа на Исус.

4 Затоа Исус им рече: „Пророкот добива признание отсекаде, освен од својот град, од своите роднини и од своето семејство!“

5 Таму не можеше да направи многу чуда, освен што исцели неколку болни, допирајќи ги со Своите раце.

6 Остана изненаден од нивната неверба. Исус одеше по околните села и поучуваше.

7 Потоа ги повика Дванаесетте апостоли и ги испрати по двајца, давајќи им моќ да изгонуваат демонски духови.