Марко 6:15-21 MNT

15 Други говореа дека Исус е пророкот Илија или некој друг од древните пророци.

16 Но самиот Ирод, откако слушна за Исус, рече: „Ова мора да е Јован Крстител! Јас му ја отсеков главата, а тој воскреснал!“

17 Имено, Ирод беше заповедал да го уапсат Јована и окован да го фрлат в затвор, сe заради Иродијада, жената на Филип, братот на Ирод, која Ирод ја беше зел за своја жена.

18 Јован постојано му зборуваше на Ирод: „Немаш право да ја присвојуваш жената на брат ти!“

19 Поради ова, Иродијада го беше намразила Јована и сакаше да го убие, но немаше погодна можност.

20 Ирод, пак, се плашеше од Јован и го заштитуваше, бидејќи знаеше дека тој е праведен и богопосветен човек. Иако Ирод често беше вознемирен од она што го зборуваше Јован, сепак честопати и со задоволство го слушаше.

21 Но Иродијада начека погоден момент кога Ирод приреди свечен прием по повод својот роденден и ги покани своите високи службеници, воени старешини и видни личности од покраината Галилеја.