Марко 6:17-23 MNT

17 Имено, Ирод беше заповедал да го уапсат Јована и окован да го фрлат в затвор, сe заради Иродијада, жената на Филип, братот на Ирод, која Ирод ја беше зел за своја жена.

18 Јован постојано му зборуваше на Ирод: „Немаш право да ја присвојуваш жената на брат ти!“

19 Поради ова, Иродијада го беше намразила Јована и сакаше да го убие, но немаше погодна можност.

20 Ирод, пак, се плашеше од Јован и го заштитуваше, бидејќи знаеше дека тој е праведен и богопосветен човек. Иако Ирод често беше вознемирен од она што го зборуваше Јован, сепак честопати и со задоволство го слушаше.

21 Но Иродијада начека погоден момент кога Ирод приреди свечен прием по повод својот роденден и ги покани своите високи службеници, воени старешини и видни личности од покраината Галилеја.

22 Тогаш влезе ќерката на Иродијада и танцуваше пред Ирод и неговите гости. Сите беа одушевени и Ирод и рече: „Ќе ти дадам сe што ќе посакаш!

23 Ти ветувам пред сите дека, ако посакаш и половина од моето царство, ќе ти го дадам!“