24 Таа излезе и ја праша мајка си: „Што да побарам?“ Советот на мајка и беше: „Барај ја главата на Јован Крстител!“
25 Девојката брзајќи се врати кај Ирод и му рече: „Ја сакам главата на Јован Крстител на послужавник, и тоа веднаш!“
26 На царот му падна тешко, но не сакаше да си го прекрши ветувањето што го беше дал пред гостите.
27 Затоа тој веднаш го испрати ?елатот да му ја донесе главата на Јован.
28 Овој отиде, му ја отсече главата на Јован во затворот и на послужавник и ја донесе на девојката, која и ја предаде на мајка си.
29 Кога учениците на Јован разбраа дека тој е погубен, го зедоа неговото тело и го погребаа.
30 Апостолите повторно се собраа кај Исус и почнаа да Му раскажуваат за делата и поуките што ги извршиле.