27 Затоа тој веднаш го испрати ?елатот да му ја донесе главата на Јован.
28 Овој отиде, му ја отсече главата на Јован во затворот и на послужавник и ја донесе на девојката, која и ја предаде на мајка си.
29 Кога учениците на Јован разбраа дека тој е погубен, го зедоа неговото тело и го погребаа.
30 Апостолите повторно се собраа кај Исус и почнаа да Му раскажуваат за делата и поуките што ги извршиле.
31 Но многу народ постојано доаѓаше и си заминуваше, така што апостолите немаа време ни да јадат. Затоа Исус им рече: „Дојдете, ќе отидеме на некое тивко место, па да можете малку да се одморите!“
32 Тргнаа со бротче на едно такво место,
33 но голем број луѓе видоа во кој правец отпловија, па побрзаа пеш од сите краишта и први втасаа таму.