4 Затоа Исус им рече: „Пророкот добива признание отсекаде, освен од својот град, од своите роднини и од своето семејство!“
5 Таму не можеше да направи многу чуда, освен што исцели неколку болни, допирајќи ги со Своите раце.
6 Остана изненаден од нивната неверба. Исус одеше по околните села и поучуваше.
7 Потоа ги повика Дванаесетте апостоли и ги испрати по двајца, давајќи им моќ да изгонуваат демонски духови.
8 Им ги даде следниве упатства: „Патувајте само со стап во рацете. Не носете со себе ни храна, ни торба, ни пари.
9 Носете сандали, но не и резервна облека.
10 Кога ќе ве прими некое семејство, останете кај него сe додека не си заминете од тој град.