40 Луѓето седнаа во групи од по сто и по педесет.
41 Исус ги зеде петте леба и двете риби, го поткрена погледот кон небото, ги благослови лебовите и ги раскрши. Потоа им ги подаваше на учениците кои им ги даваа на луѓето. На ист начин им делеше на сите и од двете риби.
42 Сите јадеа до наситување,
43 а учениците собраа и дванаесет полни кошници со парчиња што преостанаа од лебот и од рибите.
44 Оние што јадеа беа на број околу пет илјади машки глави, не сметајќи ги жените и децата.
45 Веднаш потоа Исус ги натера Своите ученици да се качат на бротчето и да отпловат на спротивната страна, кон Бетцаида, додека Тој да го отпушти народот.
46 Кога го испрати народот, Исус се искачи на гората за да се моли.