43 а учениците собраа и дванаесет полни кошници со парчиња што преостанаа од лебот и од рибите.
44 Оние што јадеа беа на број околу пет илјади машки глави, не сметајќи ги жените и децата.
45 Веднаш потоа Исус ги натера Своите ученици да се качат на бротчето и да отпловат на спротивната страна, кон Бетцаида, додека Тој да го отпушти народот.
46 Кога го испрати народот, Исус се искачи на гората за да се моли.
47 Доцна вечерта, додека Тој сe уште беше сам на копното, бротчето се наоѓаше некаде сред езерото.
48 Ги виде Своите ученици како се мачат, веслајќи спроти ветрот. Околу четири часот наутро, Исус се упати кон нив, одејќи по површината на езерото, со намера да им се придружи.
49 Кога учениците Го видоа како оди по водата, помислија дека е дух, па од страв почнаа да викаат. Сите Го видоа и многу се исплашија.