52 Умовите им беа заслепени и не го сфатија значењето на претходната случка со лебовите.
53 Исус и Неговите ученици го препловија езерото и пристигнаа на брегот кај градот Генисарет.
54 Кога излегоа од бротчето, луѓето Го препознаа Исуса.
55 Се растрчаа по целиот крај, донесувајќи му болни на носила, откако ќе утврдеа на кое место се наоѓа Тој.
56 Во кое село, град или населба Исус ќе влезеше, на пазарите и по улиците, луѓето Му носеа болни и Го молеа да им дозволи барем да ја допрат Неговата наметка. И секој што ќе Го допреше, оздравуваше.