7 Потоа ги повика Дванаесетте апостоли и ги испрати по двајца, давајќи им моќ да изгонуваат демонски духови.
8 Им ги даде следниве упатства: „Патувајте само со стап во рацете. Не носете со себе ни храна, ни торба, ни пари.
9 Носете сандали, но не и резервна облека.
10 Кога ќе ве прими некое семејство, останете кај него сe додека не си заминете од тој град.
11 Ако некое место не сака да ве прими и да ве слуша, одете си оттаму и истресете им го и правот од сандалите, како знак на осуда за нив.“
12 Тогаш апостолите заминаа и им проповедаа на луѓето да Му се вратат на Бог.
13 Изгонуваа многу демонски духови и исцелуваа голем број болни, премачкувајќи ги со маслиново масло.