16 (Кој има уши, нека слуша!)
17 Кога Исус се раздели од народот, влезе во една куќа, а Неговите ученици Го прашаа за значењето на споредбата.
18 А Тој им рече: „Зар и вие сe уште не разбирате? Зар не сфаќате дека храната што ја јадете духовно не ве опоганува,
19 зашто таа не влегува во срцето, туку во стомакот, и оттаму се исфрла!?“ Со ова Исус го одобри секој вид храна.
20 Потоа продолжи: „Човекот духовно се опоганува од она што излегува од него.
21 Зашто, однатре, од човековото срце, излегуваат грешните мисли кои водат кон неморал, кражби, убиства,
22 брачни неверства, алчност, лошотија, измами, завист, навреди, горделивост и безумија.