20 Потоа продолжи: „Човекот духовно се опоганува од она што излегува од него.
21 Зашто, однатре, од човековото срце, излегуваат грешните мисли кои водат кон неморал, кражби, убиства,
22 брачни неверства, алчност, лошотија, измами, завист, навреди, горделивост и безумија.
23 Сите овие лоши работи излегуваат однатре и тие се што го опогануваат човекот.“
24 Заминувајќи си оттаму, Исус отиде во пределот на градовите Тир и Сидон. Се смести во една куќа и се трудеше никој да не дознае за тоа, но не можеше да остане во тајност.
25 Една жена, чија ќерка беше обземена од демонски дух, дозна каде е Исус. Веднаш дојде кај Него и падна на колена.
26 Жената беше Гркинка, родум од областа Феникија, во Сирија. Таа Го замоли Исуса да ја ослободи нејзината ќерка од демонот.