6 Исус им одговори: „Лицемери! Убаво рекол за вас Бог, преку пророкот Исаија: ,Овој народ Ме почитува со устата, но срцето му е далеку од Мене!
7 Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди!‘
8 Вие ги оставивте Божјите заповеди, а ги чувате човечките преданија!
9 Лукаво ги укинувате Божјите заповеди за да ги чувате своите преданија!
10 Зар Мојсеј не ви заповеда да ги исполнувате обврските спрема своите родители, и со смрт да го казните оној што ќе ги проколне мајка си или татко си?
11 А вие ги учите луѓето дека е доволно да го ветат својот имот на црквата, како подарок за Бог,
12 со што ќе се ослободат од обврската да се грижат за своите родители!