7 Се залажуваат дека Ме почитуваат, а всушност ги шират своите човечки обичаи како да се Мои заповеди!‘
8 Вие ги оставивте Божјите заповеди, а ги чувате човечките преданија!
9 Лукаво ги укинувате Божјите заповеди за да ги чувате своите преданија!
10 Зар Мојсеј не ви заповеда да ги исполнувате обврските спрема своите родители, и со смрт да го казните оној што ќе ги проколне мајка си или татко си?
11 А вие ги учите луѓето дека е доволно да го ветат својот имот на црквата, како подарок за Бог,
12 со што ќе се ослободат од обврската да се грижат за своите родители!
13 Значи, укинувате Божја заповед за да ги воведете своите преданија! И многу други вакви работи правите!“