10 Веднаш потоа, придружуван од Своите ученици, Исус се качи на едно бротче и отплови во месноста Далманута.
11 Група фарисеи дојдоа кај Исус и почнаа да се расправаат со Него. Со намера да Го искушуваат, тие бараа од Него да им изведе некое чудо со кое ќе докаже дека Тој доаѓа од небото.
12 Исус длабоко воздивна и рече: „Зошто постојано барате некаков чудотворен знак? Ве уверувам дека на вашата генерација таков знак нема да и се даде!“
13 Потоа ги остави, се качи на бротчето и отплови на спротивната страна од езерото.
14 Учениците на Исус заборавија да понесат леб со себе; во бротчето имаа само еден леб.
15 Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасецот на фарисеите и на Ирод!“
16 Разговарајќи меѓу себе, учениците заклучија: „Ни приговара зашто заборавивме да земеме леб!“