13 Потоа ги остави, се качи на бротчето и отплови на спротивната страна од езерото.
14 Учениците на Исус заборавија да понесат леб со себе; во бротчето имаа само еден леб.
15 Исус им рече: „Внимавајте и чувајте се од квасецот на фарисеите и на Ирод!“
16 Разговарајќи меѓу себе, учениците заклучија: „Ни приговара зашто заборавивме да земеме леб!“
17 Но Исус, знаејќи што мислат, им рече: „Зошто го поврзувате ова со тоа што немате леб!? Како не можете веќе да сфатите!? Зар умовите ви се заспани!?
18 Имајќи си очи, не гледате, и имајќи си уши, не слушате!
19 Помните ли колку кошници ви останаа кога со пет леба нахранив пет илјади души?“ Тие Му одговорија: „Дванаесет!“