2 „Жал ми е за луѓево; веќе три дена постојано се со Мене, а немаат храна.
3 Некои од нив живеат далеку и ако ги пуштам да си одат гладни, ќе премалат по патот!“
4 Учениците Му одговорија: „Местово е пусто; каде ќе најдеме храна да нахраниме толку народ!?“
5 „Колку леба имате?“ - ги праша Исус. „Седум леба“ - одговорија тие.
6 Откако Исус го поседна народот по земјата, ги зеде седумте леба и ги благослови. Потоа ги раскрши на парчиња и им ги подаваше на учениците да му ги разделуваат на народот.
7 Имаа и малку риби и откако Исус ги благослови и нив, им рече на учениците да им ги разделат на луѓето.
8 Сите се најадоа до наситување, а собраа и седум кошници остатоци од храната.