Марко 8:33-38 MNT

33 Исус се сврте кон Своите ученици, а потоа со строг глас му рече на Петар: „Бегај од Мене, Сатано! Тоа што го велиш е човечко размислување, а не Божјо!“

34 Тогаш Исус ги повика Своите ученици и народот поблиску до Себе и им рече: “Тој што сака да стане Мој следбеник треба да се откаже од своите себични амбиции, да си го понесе својот крст и да тргне по Моите стапки.

35 Зашто, секој што сака да си го запази животот само за себе - ќе го загуби; а ако Ми го посвети Мене и на Евангелието - ќе го зачува.

36 Каква ќе му биде ползата на човекот, ако и сиот свет го добие, а својата душа ја загуби!?

37 Има ли нешто повредно од твојата душа?

38 Нема причина да се срамите од Мене и од Моето учење пред овој неверен и грешен свет, зашто инаку и Јас, Синот Човечки, ќе се засрамам од вас кога ќе се вратам во сета слава на Мојот небесен Татко, во придружба на светите ангели!“