4 Учениците Му одговорија: „Местово е пусто; каде ќе најдеме храна да нахраниме толку народ!?“
5 „Колку леба имате?“ - ги праша Исус. „Седум леба“ - одговорија тие.
6 Откако Исус го поседна народот по земјата, ги зеде седумте леба и ги благослови. Потоа ги раскрши на парчиња и им ги подаваше на учениците да му ги разделуваат на народот.
7 Имаа и малку риби и откако Исус ги благослови и нив, им рече на учениците да им ги разделат на луѓето.
8 Сите се најадоа до наситување, а собраа и седум кошници остатоци од храната.
9 Присутните беа на број околу четири илјади души. По ова, Исус го испрати народот да си оди.
10 Веднаш потоа, придружуван од Своите ученици, Исус се качи на едно бротче и отплови во месноста Далманута.