1 Во продолжение Исус рече: „Ве уверувам дека меѓу овде присутните има некои што ќе го видат стапувањето во сила на Божјото царство уште пред да умрат!“
2 Шест дена по ова, Исус ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и ги поведе насамо на една висока планина. Таму, пред нивните очи Тој се преобрази, така што
3 облеката му стана блескаво-бела, како што не би можела да се избели со ниедно белило на Земјата!
4 Заедно со Него се појавија и Мојсеј и пророкот Илија кои разговараа со Исус.