Марко 9:28-34 MNT

28 Кога Исус се врати дома, Неговите ученици насамо Го запрашаа: „Зошто ние не можевме да го истераме демонскиот дух?“

29 Исус им одговори: „Овој вид демони можат да се избркаат само со молитва.“

30 Заминувајќи си оттаму, Исус и Неговите ученици патуваа низ покраината Галилеја. Исус не сакаше никој да дознае за тоа.

31 Тој сакаше да го мине времето поучувајќи ги само Своите ученици. Им зборуваше дека Тој, Синот Човечки, ќе им биде предаден на луѓето и дека тие ќе Го погубат, но и тоа дека три дена по погубувањето Тој ќе воскресне од мртвите.

32 Тие не сфаќаа за што зборува, а се плашеа да Го распрашуваат околу тоа.

33 Потоа Исус и Неговите ученици отидоа во Неговата куќа во градот Кафарнаум. Таму, во куќата, Исус ги праша: „За што се расправавте по патот?“

34 Тие молчеа, бидејќи расправијата беше околу тоа, кој од нив е најважен.